Во изминатите шест години, истражувачите од целиот свет собрале повеќе од 800.000 семки на постоечки билки, за да ја зачуваат биоразличноста на Земјата во случај на катаклизма од глобални размери
Повеќе од 20.000 примероци од овие семки од над 100 држави се ставени во Глобалниот трезор на семки во Свалбард, кој се наоѓа во Норвешка.
Изградбата на трезорот чинела 5 милиони фунти, а може да издржи глобална катаклизма, односно нуклеарна војна, удар на астероид и екстремни временски неприлики.
Влезот на трезорот се наоѓа во тунел на лицето од една планина во длабочина од 125 метри. Позади четири вакумски врати се наоѓаат три трезори во кој можат да се складираат две милијарди семки. Трезорот се наоѓа под мраз и длабоко во планината, семките сместени внатре можат да преживеат и без климатизација.