Не може самата да се качи на планината толку далеку од селото. Не можам да поверувам дека таа самата си наштетила. Беше заведена. Мојата ќерка Маја е убиена и фрлена на планината. Со овие зборови, во голема тага, шок и во неверување говори за Дневник, Ристе Блажески, таткото на Маја (14), чие тело пред три дена беше пронајдено на планините во близина на селото Велмеј, неколку километри од селото Лешани каде што таа живеела.
Таткото се сомнева дека таа е измамена. Не го знаат вистинскиот идентитет на момчето, дали тој навистина имал 22 години, дали бил од Скопје, како и фактот што првпат Маја рекла дека се вика Тони или Антонио, а потоа Рамадан. Родителите велат дека Маја не била боса кога исчезнала, дека ~ ги немало чизмите, марамата и атласот со кој излегла од дома.
– Утрото ми рече дека го спрема ранецот за училиште и ми рече да одам по печурки. Во меѓувреме ја заклучила својата мајка во соба и побегнала. Kога се вратив во куќата, веднаш ~ ѕвонев на мобилниот, но не беше недостапна. Kога конечно успеав да ја добијам, ми рече: Бабо, бегам, бегам во Бугарија – се сеќава бабата Милица.
– Чудно е што е пронајдена тука во овој крај оти ако поминела низ селово, некој ќе ја забележал бидејќи ја познаваа. Сигурно некој ја однел со автомобил на местото – вели помлад жител од селото.
– Околу 8.30 часот загарите почнаа силно да н` влечат, знаевме дека нешто намирисале. Погледнавме во близина и забележавме тело на човек меѓу стопениот снег. Не ги пуштивме кучињата да се доближат и веднаш ја повикавме полицијата Една недела претходно поминавме покрај истото место, а тогаш ниту ние ниту загарите не забележаа ништо оти имаше многу снег – вели тој. – вели еден од ловџиите кој ја нашле.
Маја Блажеска (14) од соседното село Лешани се водеше како исчезната повеќе од еден месец. Нејзиното второ исчезнување во СВР Охрид го пријави татко ~ во ноември минатата година.
Повеќе на – Дневник