Мојата мајка ми даваше да јадам само „здрава храна“, сега сум многу болна


15-годишната Изабела, има еден несекојдневен проблем, таа во еден ден  се прејадува и повраќа по 40 пати, а за ова ја обвинува својата родена мајка

brza-hrana-1333625476-146160

„Мајка ми беше опседната со физичкиот изглед и инсистираше да се хранам исклучиво со здрава храна, но во тоа честопати и претеруваше. Кога бев мала, во една прилика одбив да јадам зеленчук, но таа ме натера да седам на маса неколку часа, додека на крајот не заспав“, раскажала Изабела во познатата американска емисија „Др. Филл”.

Мајката на Изабела, Ванда, исто така како девојче патела од пореметување во исхраната, а поради тоа била и хоспитализирана три пати.

„Последно што сакав беше мојата ќерка да ја доживее истата судбина. Одамна иж раскажав за мојот проблем за да ја предупредам и токму поради тоа инсистирав на редовно вежбање, диети и здрав живот. Но, неа спортот никогаш премногу не ја интересираше“, раскажува Ванда.

Таа вели дека забележува врска помеѓу нејзината и болеста на ќерка и, но гледа и генетска поврзаност. „Потенцирав здрав живот, а не болест“, вели таа.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1