Мојот татко се самоуби кога дозна дека сум хомосексуалец (ФОТО)


Ѕвездата на телевизиската серија „Стрела“, 28-годишниот Колтон Хејнс, во интервју за магазинот „Аут“ изјави дека неговиот татко извршил самоубиство, откако дознал дека тој е хомосексуалец.

Колтон пораснал во американската сојузна држава Канзас, за која вели дека е место каде „не може да се биде хомосексуалец“.timthumb-6-520x260

Кога првпат открил дека е хомосексуалец, школските другари почнале да го малтретираат, а мајка одбивала да го прифати тој факт.

Поради сето тоа, Колтон побегнал од дома и подоцна дознал дека татко му се самоубил.

Колтон открива дека неговата сексуална определба ја криел од јавноста поради стравот дека признавањето ќе се одрази на неговата кариера.

– Се чувствувам многу лошо, затоа што сите овие години лажев, но единствено само така можев да бидам успешен. Многу млад влегов во оваа работа, луѓето ми зборуваа дека моите соништа ќе ми се исполнат, раскажа актерот, кој во Лос Анџелес дошол како 17-годишно момче.

Иако многу женски срца остана скршени по неговото признание, Колтон вели дека сега се чувствува слободно, затоа што порано морал да глуми дури и дома. – Тоа ми беше големо исцрпување, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1