Моќта на мајчината душичка – лек за се во устата, желудникот, прејадување…


Ова растение ги дезинфицира устата и грлото и е честа состојка во пастите за заби. Ги зајакнува непцата и го освежува здивот, ги смирува болките во грлото и устата.

majcina dusicaЛековитите својства на мајчината душичка особено ги почитувале древните Грци, лекарот и филозоф Гален ја сметал за најмоќен антисептик и ја употребувал за дезинфекција.

Оваа билка во денешно време  најчесто се употребува како зачин во храната но и како лек против кашлица . Во есенцијалното масло од мајчина душичка се наоѓа супстанца која го стимулира лачењето на желудочните сокови и го подобрува варењето, затоа посебно се препорачува за зачинување на месо.

Ако сте претерале со јадење, наместо филџан кафе напијте се чај од ова растение,  така што во 2 дл врела вода ќе истурете една лажица сушена мајчина душичка, покријте ја и почекајте да одстои петнаесет минути, а потоа исцедете. Ова растение ги дезинфицира устата и грлото и е честа состојка во пастата за заби. Ги зајакнува непцата и го освежува здивот, го ублажува воспалението во грлото и устата. Во народната медицина се користи како лек против кашлање и настинка. Ефикасно ги чисти синусите, така што можете да ја употребувате и за инхалација.

zdravjeizivot.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1