Моќта на Тесла? Непозната светлина околу неговиот музеј снимена на Гугл


На светската најпозната електронска мапа на Музејот на Никола Тесла е забележана чудна светлина, која ја нема на ниту една друга локација во оквирот на оваа мрежа. Најпознатиот српски научник Никола Тесла, 70 години по смртта, не престанува да предизвикува љубопитност и ја пали имагинацијата, па дури и во најсовремениот систем.

Mapa-Muzej-NIkol-aTeslaИмено на светската позната електронска мапа „Google maps“ на локацијата на на Музејот на Никола Тесла се забележува една светлина, која ја нема на ниту едно друго место во оквирот на оваа мрежа! „На нас не ни е познато од каде доаѓа оваа светлина. Никаков контакт со компанијата Гугл не е остварен, немаме врска со таквиот приказ на Google map.

И покрај тоа што тоа така изгледа, тоа не е наш маркетиншки потег, но интересен е фактот што токму над нас се појавува оваа светлина“, велат од Музејот „Никола Тесла“. Инаку „Google maps“ е еден од најкористените системи на интернет со чија помош милиони луѓе дневно добиваат точни и прецизни податоци кои се поврзани со географската локација на целиот свет.

Доколку саката да погледнете како е прикажана светлината на познатиот музеј „Никола Тесла“ на „Google map“ префрлете се на сателитскиот преглед и зголемете ја сликата на следниот ЛИНК 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1