Нема веќе продажба на храна со изминат рок


Од 1 јануари 2014 година секој производ со изминат рок, каква било неправилност или грешка, ќе биде детектиран на каса, при неговото купување, и веднаш ќе биде повлечен. Ова го овозможува новата генерација бар кодови GS1 чија цел е максимална заштита и безбедност на потрошувачите преку следливост во дистрибутивниот синџир, од производство до наплатното место во малопродажбата.

eko-rok-trajanjaТ.н. GS1 DataBar кодови, освен рок на траење, содржат и други информации за производот, нето тежина во килограми изразена со три децимални места, како и број на шаржа/серија. Од нивното воведување бенефит ќе имаат сите, производителите, трговците, дистрибутерите и купувачите.

Имплементирањето на GS1 DataBar воедно ќе значи многу поголема конкурентност на домашните компании и нивен сигурен настап на странските пазари.

– Новата генерација бар кодови на потрошувачот му овозможуваат да знае што купува, да биде сигурен дека пред него има квалитетен производ, а тоа ќе може да го види на каса, кога ќе плаќа, рече Слаѓана Милутиновиќ, извршен директор на GS1 Македонија, пред денешната презентација на пилот проектот за кодовите во Стопанската комора на Македонија.

Според неа, воведувањето GS1 ќе биде минимален трошок за фирмите, особено за оние што се веќе модернизирани, што имаат најсовремена технологија, читачи, ваги,…

Досега производите беа обележани со EAH-13 бар кодови, исто така од семејството GS1, прв пат воведени пред 40 години за полесна контрола на залихата. Но, неможноста да се втиснат на помалите производи, прехранбени со променлива тежина, свежо овошје и зеленчук, козметика, накит,…, се наметна потребата од воведување нови, со повеќе податоци.

Изготвувањето на пилот проектот за  GS1 DataBar кодовите што беше презентиран денеска, а се однесува на производите од млечната и месната индустрија, го поздрави и претседателот на Комората Бранко Азески. Тој напомена дека преку следење на светските трендови меѓу кои и имплементирањето на GS1 DataBar, македонските компании го јакнат сопствениот бренд и ја подобруваат конкурентноста.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1