СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Д.(46) од Битола, за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“. На 09.10.2013 година, во СВР Битола пријавениот пријавил дека над него е извршено кривично дело „разбојништво“ во казиното „Адмирал“ во Битола, при што му биле одземени 250.000 денари, со цел да прикрие дека парите ги потрошил играјќи комар во истото казино – соопшти МВР.