Молела за помош: Мажот ме остави со деца, немам – никој не знаел дека брутално го убила


35-Годишната Недељка пред телевизиските камери молела за помош поради немаштијата, за себе и за нејзините три ќерки. Таа тврдела дека сопругот не ѝ ја плаќа алиментацијата. Но, никој не ни знаел дека година дена порано таа, заедно со својот љубовник, брутално го убила својот сопруг!

Недељка Косовец (35) на новинарите им тврдела дека сопругот Ивица Косовец (41) ја оставил со децата во потполна немаштија и преку медиумите молела за помош од добрите луѓе. Бројни граѓани кога виделе во какви услови живее оваа мајка на три деца се јавиле за помош.ubi1-630x313

Никој не ни наслутувал дека реалноста е впрочем многу поинаква. За целото време сопругот, за кој таа впрочем тврдела дека избегал со љубовницата, бил – мртов. Таа и нејзиниот неколку години помлад љубовник Мато Орош (26), кој впрочем работел за нејзиниот сопруг, година дена порано го испланирале неговото брутално убиство. Тие впрочем сметале дека испланирале едно “совршено убиство” и не сакале ништо да тргне непланирано.

Го убиле кон крајот на месец ноември уште во 2013-тата година. Најпрво со секира го нападнале додека спиел а потоа и го застрелале со пиштол на гас. Потоа и го избоделе со нож, телото му го обвиткале со трака и во раните утрински часови го одвеле до еден напуштен селски имот кај Врбовац кој имал длабок бунар.ubi3-630x434

За телото на Ивица прикачиле железни шини и го фрлиле во бунарот кој се наоѓал недалеку од куќата на неговите родители. Нивниот ужас не завршил тука. Потоа смирено се вратиле во домот и ги исчистиле сите траги од крв на креветот и во подрумот каде исто така го носеле телото на Ивица. После цели три дена тие го пријавиле неговото исчезнување.

Неговиот татко се згрозил кога ја слушнал веста за смртта на својот син.

– И денес се сеќавам кога последен пат го видов мојот син. Беше тажен и со рацете на глава гледаше во земја. Го запрашав што му е, а тој само ми кажа, ‘стари, јас сум луд дефинитивно! Ми доаѓа да се обесам, затоа што во спротивно ќе ја убијам и неа и него. Од мене прават вистински мајмун’, изјавил за “Јутарњи лист” таткото на убиениот Ивица.ubi4-630x343

Тој го советувал својот син за извесно време да се тргне на страна и токму затоа помислил дека тоа е и причината зошто го немало толку долго време.

Љубовникот на Недељка, за разлика од неа, го признал злосторството. Дури неодамна им признал на најблиските што всушност се случило. Полицијата примила неколку анонимни повици и тргнала во акција на потрага која на крајот ја открила и грозната реалност.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1