Моливот може да ви се најде за многу работи – еве кои


Полесно отклучете ја вратата

Вашиот клуч е „тврдоглав“ и не можете да ја отклучите вратата? Со гумата од моливот протријте ги запците на клучот неколку пати, тоа би требало да ви ја олесни работата.

molivЗаштитете се од молци

Изострете моливи и остатоците чувајте ги во кесичка во плакарот, бидејќи струготините од моливи ги чуваат вашите алишта од молци.

Немате со што да ги зацврстите обетките?

Доколку сте го изгубиле делот со кој се затвора обетката, искористете ја гумата од моливот за да го направите тоа. Мека е и не ја оштетува кожата, а вие нема да ги загубите омилените обетки.

Целосно искористете ја пастата за заби

Мачно ви е секогаш до крај да ја истискувате пастата за заби? Земете молив и олеснете си ја работата со тоа што ќе ја намотате тубата околу моливот.

Лесно исчистете ја калта од чевлите

Ова можете да го направите со двата краја од моливот, со гумата и со остриот дел, бидејќи сите знаете колку е мачно да се чистат чевли полни кал.

moliv 2Отстранете го лепилото

Ви се случило ли да лепите работи на ладилникот, масата или пак шкафчето, а потоа при одлепување да останат траги од лепилото? Отстранете го целосно со помош на гумата од моливот.

Исчистете си го телефонот и тастатурата

На најлесен начин направете го тоа, бидејќи навистина е потребно да се секогаш чисти. За тоа ви е потребна гумата на моливот, поради тоа што ја собира секаде.

Имате проблеми со патентот?

Се заглавува па понекогаш не можете да се справите со алиштата кои имаат патент? Со помош на гумата од моливот неколку пати поминете по целиот патент и сè ќе биде во ред.

Рамките на ѕидот секогаш се криви?

Вашиот проблем веќе е решен. Земете неколку моливи и отстранете ја гумата од задната страна. Залепете на ѕидот онолку парчиња колку што е потребно за да ја потпрете рамката на нив, па така таа никогаш повеќе нема да се помести.

idividi.com.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1