Мајката на убиената пејачка Јелена веднаш по убиството во два наврати и’ ѕвонела на мобилен, а последниот пат некој дигнал слушалка и имало сам молк од 43 секунди. Ова за српски Блиц го изјавила кумата на покојната Јелена.
Таа вели дека Јелена прво се слушнала со мајка си во саботата околу 15:35 часот кога и рекла дека оди на трчање, по што ќе и однесе ручек, бидејќи мајката на Јелена била болна.
Мајката на Јелена, извесно време по првиот повик повторно и ѕвонела, некаде околу 4:50 кога нејзиниот повик бил одбиен. По половина час мајка и’ повторно заѕвонела и тогаш некој дигнал слушалка но имало само молк од 43 секунди.
Инаку, мобилниот на Јелена бил пронајден следното утро околу 5 часот, на 30 метри од каде што е пронајдено нејзиното тело. Покрај телефонот, полицијата пронашла патики, шнола и тренерка.