МОЛК ОД 43 СЕКУНДИ: Некој се јавил на мобилниот на Јелена после убиството


Мајката на убиената пејачка Јелена веднаш по убиството во два наврати и’ ѕвонела на мобилен, а последниот пат некој дигнал слушалка и имало сам молк од 43 секунди. Ова за српски Блиц го изјавила кумата на покојната Јелена.potraga-jelena

Таа вели дека Јелена прво се слушнала со мајка си во саботата околу 15:35 часот кога и рекла дека оди на трчање, по што ќе и однесе ручек, бидејќи мајката на Јелена била болна.

Мајката на Јелена, извесно време по првиот повик повторно и ѕвонела, некаде околу 4:50 кога нејзиниот повик бил одбиен. По половина час мајка и’ повторно заѕвонела и тогаш некој дигнал слушалка но имало само молк од 43 секунди.

Инаку, мобилниот на Јелена бил пронајден следното утро околу 5 часот, на 30 метри од каде што е пронајдено нејзиното тело. Покрај телефонот, полицијата пронашла патики, шнола и тренерка.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1