Влажното лето донесе многу молци во домовите на скопјани. Граѓани велат дека не паметат со години толкава наезда од овие инсекти, како што е случај во последните два месеца. Тие се жалат дека молци, односно големи темни ноќни пеперуткки ги окупираат нивните домови, особено плакарите, а ги има во сите делови од градот, пишува Дневник.
Стручњаците објаснуваат дека причината за зголемениот број молци е променливото и топло време, а инсектите не се опасни за луѓето. Влагата и променливото време придонесуваат да се зголеми бројот на молци. Најпогодна за нив е температурата од 15 до 30 Целзиусови степени. Ја оштетуваат, пред с`, волнената постелнина и се препорачува да се поставуваат средства против молци или заштитни мрежи на прозорците за да не можат да влезат. Препорачливо е и да се косат и чистат тревниците, односно дворовите да не бидат обраснати со висока трева.
Молците се поотпорни на инсектицидите од комарците и мувите.
Иако се обвинети дека јадат облека, најголемиот дел од возрасните молци воопшто не јадат. Дури, некои видови немаат ни уста. Само ларвите од еден вид молци јадат волна.
Дневник