Момче и девојка нападнати во скопската населба Аеродром. Според информациите на полицијата, утринава во 09.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Ј.(21) од Скопје пријавил дека истиот ден во 03.00 часот во млечен ресторан на булевар „Јане Сандански“ тој и неговата девојка В.А.(21) од Скопје физички биле нападнати од две непознати лица.
По нападот, лицата заминале во непознат правец, а В.А. телефонски ги известила родителите на М.Ј. за настанот. Пред влезот од зградата, каде што ги пречекале неговите родители, едно од лицата физички го нападнало С.Ј.(49), татко на М.Ј. , по што побегнало во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.