Момче или девојче? Алтернативни начини за предвидување на полот на новороденчето


Приказните на постарите или она што денес се нарекува „бабини деветини“ се нешто повеќе од гласини кои циркулираат околу нас. Дел од нив се изреки и поговорки за кои никогаш не било докажано дека се точни, а кои се пренесувани од генерација на генерација. Некои од нив се од доменот на здравјето (јадењето моркови го подобрува видот), некои подучуваат како да бидите добар родител (чекај еден час откако ќе јадете пред да пливате) и најпознатите се за бременоста.

bebe jajceНеизвесноста е измачувачка: дали носам момче или девојче? Може да дознаете со ултразвук, но и тој може да не биде точен. Додека да се породите, еве некои забавни, малку и чудни начини за да го предвидите полот на вашето бебе кои доаѓаат од ризницата на нашите предци.

Нагоре или надоле

Ова може да го изведете само со погледнување на југ: ако стомакот ви расте нагоре, тогаш е девојче, а ако е надоле тогаш носите момче.

Благо или кисело

Сакате да јадете сладолед секој ден? Некои луѓе веруваат дека тоа значи дека е девојче.

Откривање на мистеријата

Ова е за да проба некој пријател. Оставете клуч пред вашата бремена пријателка и кажете и да го крене. Ако го земе за делот кој влегува во бравата тогаш е девојче, а ако го земе за заоблениот дел тогаш е момче.

Ако се исфрлите

Ако многу ви се исфрли лицето, тогаш виновно е девојчето што го носите. Се верува дека девојчињата ја крадат убавината од мајките, и од таму се појавуваат здодевните мозолчиња.

Според бурмата

Извадете ја бурмата, ако сè уште можете, и врзете ја со конче. Држете го кончето над вашиот стомак. Ако се врти во правецот на сказалките на часовникот, иднината ви носи младо момче. Ако оди напред назад, ќе имате девојче.

Според утринската мачнина

Премногу ви се лоши во првите три месеци, или и после нив? Овие знаци покажуваат дека ќе имате девојче. Ако наутро ви се лоши малку или воопшто, во тој случај носите момче.

Положба на спиење

Обрнете внимание на тоа како легнувате во кревет навечер. Ако повеќе сакате да лежите на лева страна, ќе имате момче. Ако повеќе сакате на десна? Очекувате девојче.

bremena masko devojce

Меки или суви раце

Ако рацете ви се суви додека сте бремени, ќе имате момче. Ако ви се меки, чекате девојче.

Грациозна или несмасна бременост

Ако се чувствувате како да се лизгате во текот на денот, ќе имате девојче. Ако се сопнувате често ќе имате момче.

Според лицето

Ако со зголемувањето на килограмите ви се подуе и лицето, ќе имате девојче.

Промена на расположение

Ако имате чести промени на расположението во текот на бременоста, очекувајте девојче да пристигне наскоро во вашиот дом.

Совет од дете

Добијте совет за бебето од внук или мало дете на некој ваш пријател. Ако мало машко дете се заинтересира за вашето стомаче, ќе имате девојче. Ако го игнорира, тогаш е момче.

Јадење лук

Погодете го полот на вашето бебе со јадење на лук. Ако мирисот излегува од вашите пори, тогаш е момче. Ако нема никаков мирис, тогаш е мало девојче.

Парни и непарни броеви

Ако вашата возраст и годината на зачнувањето се двете или парни или непарни броеви, тогаш е девојче. Еден парен и еден непарен број значи дека е момче.

Стрес тест

Бебето има тенденција да биде од истиот пол како родителот кој е помалку под стрес во времето на зачнување.

Големина на градите

Ако вашата десна града е поголема од левата додека сте бремени, ќе имате девојче. Ако левата е поголема, тогаш ќе имате мало момче.

ladybook.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1