Четириесет и четиригодишен маж со нож избодел момче на градскиот плоштад во Кичево. На инцидентот му претходела расправија, а повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
Инцидентот се случил утринава околу 03,30 часот пред обложувачница што се наоѓа на плоштадот.
Најпрво почнала расправија меѓу С.И. (44) од с.Гарани-кичевско и Ш.И. (23) од с.Србјани-кичевско. Во еден момент С.И. со нож му нанел неколку убодни рани на Ш.И. во пределот на градите.
На повредениот му била укажана лекарска помош во Медицинскиот Центар-Кичево, по што бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје на понатамошно лекување.
Полицијата работи на целосно расчистување на случајот.