СВР Штип поднесе кривична пријава против шеснаесетгодишник од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.
Пријавениот во текот на февруари 2017 година во неговиот дом со употреба на физичка сила извршил полови дејствија врз четиринаесетгодишно девојче од Штип со кое бил во љубовна врска.