Момче се удави во Куманово, телото не е пронајдено


Осумнаесет годишно момче исчезна во саботата во водите на езерот кај Горната Брана Глажња, во кумановското село Думановце, соопшти во неделата МВР.

Станува збор за Ј.О.(18) од скопското село.Љуботен, кој влегол да се капе во водата околу 14.00 часот, по што исчезнал.

Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Куманово. Од страна на ЕСЗ-Специјална единица за нуркање извршено е  пребарување во водата, но лицето не е пронајдено.

ezero33

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1