Самоубиство од невнимание. Момче од Мекско, Оскар Отеро Агилар (21) се застрелал додека се фотографирал за Фејсбук. Тој изигрувал „опасно“ момче и правел селфи позирајќи со пиштол.
Момчето од Мексико Оскар Ортега Агилар (21) си пукал додека се сликал за фејсбук. За жал оружјето било полно и момчето си пукало во глава.Починало на пат до болница.
Агилар, 21, ветеринар од Мексико Сити, имал фејсбук-страница преполна со слики на кои позира со луксузни автомобили и убави жени. Неговата последна идеја била да позајми пиштол и да си нишани во главата.
Локалната полиција вели дека Агилар бил свесен дека пиштолот е полн и го мавтал наоколу кога тој случајно испукал, ранувајќи го.
„Слушнав истрел, а потоа слушнав како некој вреска и сфатив дека некој е повреден. Веднаш се јавив во полиција и кога тие пристигнаа, видоа дека сè уште е жив но починал на патот до болница.“ изјавил соседот Манфредо Паез кој го слушнал фаталниот истрел.