Помладо машко лице чиј идентитет се уште не е познат е спасено од водите на Охридското Езеро.
Од СВР Охрид , за Курир потврдуваат дека машко лице е извлечено од водите на Охридско Езеро од професионални спасители на Црвениот крст.
Инцидентот се случил околу 16 част во Струга, помеѓу машката и женската плажа.
Момчето било реанимирано и во моментов се пренесува кон Скопје, но повеќе детали за неговата здравствено состојба не се познати.
Неофицијално, во близина каде е извадено машкото лице, се наоѓала и педалинка но полицијата допрва ќе утврдува дали истата е било како поврзана со инцидентот.