Падна договор – Еве што се се договорија политичките партии?


Министерствата за внатрешни работи и труд и социјала по изборите ги добива ДУИ откако техничките министри на СДСМ со денот на гласањето ќе ги напуштат функциите. Ваков договор паднал на денешните преговори со што е заокружен преговарачкиот процес меѓу четирите најголеми политички партии.bejli 33

Во делот на медиумите, договорено е СДСМ да именува главен и одговорен уредник на МРТВ, а посебно тело во рамките на Агенцијата за медиуми да предлага казни за медиумите за начинот на известување. Законот за МВР кој беше точка на сопнување меѓу политичките партии ќе се одложи до стартот на наредната година. СДСМ во МВР ќе има право да смени 15 лица на раководни позиции и да направи 10% од бројот на хоризонтални поместувања кои актуелната власт ги направила од 2014та година до денеска.

Во однос на избирачкиот список 170.000 граѓани ќе бидат обележани со ѕвездичка, додека 40.000 граѓани дополнително ќе се проверуваат.

Партиите се договориле до крајот на август да направат проценка дали се исполнети условите за организација на избори по што, доколку се исполнат лидерите ќе се договорат околу датумот за избори. Доколку во август пеоценката биде дека се исполнети условите за избори, тогаш единствениот можен датум за соочување со граѓаните оваа година е 11 декември.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1