Се враќаат пеколните температури – Еве какво време не очекува


Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен вдолж Повардарието. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Температурата ќе се движи од 23 до 34 степени.toplo termometar zesko sonce

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 31 степени.

До недела ќе се задржи претежно сончево време со пораст на температурите, а особено топло ќе биде за време на викендот. Во почетокот на наредната седмица ќе биде нестабилно облачно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1