Херсон Лопез де Леон (18) од Гватемала убиен е откако провалил во куќа ловејќи Покемон.
Во него било пукано и ова е прва несреќа која е предизвикана од светски познатата игра, иако Покемоните предизвикуваат многу проблеми насекаде низ планетава.![]()
Така, спасувачките екипи од Марина Лејк во Њу Брајтон се повикани да спасат група од 20 тинејџери кои ловејќи Покемони отпловиле на сред езерото.
На двајца во Флорида е пукано кога сопственикот на куќата помислил дека се разбојници.
Многу институции веќе им забранија на своите вработени да играат Покемон. Индонезија и забрани на полицијата и на војската да играат Покемон додека се на работното место, со оглед дека апликацијата како што соопштија, претставува закана за безбедноста









