Петнаесет годишно момче е тешко повредено и задржано во Ургентниот центар во Скопје со изгореници од втор степен, по струен удар.
Од полицијата информираат дека вчера околу 19:10 часот момчето во депото на Македонски железници, се качило на вагон цистерна со намера неговата 13 годишна другарка да го слика.
Малолетникот се доближил до електричниот кабел кој бил под висок напон при што се здобил со изгореници.
Вработени во депото веднаш повикале Итна медицинска помош, по што момчето е пренесено во болница.