Викендов седете си дома: Стабилизирање на времето од понеделник, во вторник 24 степени


Времето утре претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен во котлините на север и в долж Повардарието, а брзината на ветерот повремено ќе надминува 60 км/час.oblaci mk2

Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет, а дневната од 11 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 16 степени.Во наредните денови се очекува стабилизирање на времето.

Ќе дува ветер од јужен правец.

Утринската температура во недела на места ќе се спушти под нулата, а дневната температура ќе биде во пораст и ќе достигне над 20 степени во регионите на југоистокот.

Во вторник се очекува температурата на југоисток да достигне 24 степени.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1