Момче убиено на свадба во кумановско Липково


Деветнаесет годишно момче од Германија, со потекло од Србија, им подлегна на повредите во градниот кош кои ги здоби на свадба која вчера се одржувала во кумановско Липково. МВР извести дека настанот се случил околу 22.45 часот.

Додека седеле во дворот од куќата на З.Ш. (51) каде била прославата, 63-годишниот А.Ш. извадил пиштол калибар 9 милиметри, кој го поседувал без дозвола и испукал неколку куршуми од кои еден го погодил 19-годишниот Б.А..

Повреденото момче било пренесено во кумановската болница каде починало. Телото на момчето е предадено на обдукција, А.Ш. е уапсен, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1