Момче уценувало малолетничка со компромитирачки фотографии


Полициската станица Дебар поднесе кривична пријава против Р.А. (20) од с. Елевци, општина Центар Жупа, поради постоење основано сомнение дека уценувал малолетничка со компромитирачки фотографии.

МВР соопшти дека во текот на октомври минатата година, пријавениот набавил еротски фотографии од малолетничка со која порано бил во љубовна врска, а потоа се обидел да ја уценува барајќи и други такви фотографии. Во момент на револт од прекината љубовна врска, Р.А. дел од фотографиите, преку социјалните мрежи, ги испратил на нејзиниот татко, како и на повеќе роднини и пријатели.

При проверка на мобилниот телефон на пријавениот, биле пронајдени неколку еротски фотографии од оштетената.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1