Момчето со изгореници од струен удар ќе се лекува во Софија


Министерството за здравство информира дека момчето кое завчера се здоби со изгореници од струен удар, вчера е испратено на лекување во најголемиот центар за изгореници на Балканот.

Како што се посочува, станува збор за болницата Пирогов во Софија, која има и специјален оддел за детски изгореници. Обезбедено е санитетско возило од брзата помош и тргнати се во болницата Пирогов.

-Голема благодарност до колегите во Софија кои веднаш обезбедија место за понатамошно лекување на детето и му посакуваме побрзо закрепнување, стои во соопштението.

Министерствата за здравство на Република Северна Македонија и на Република Бугарија во месец јануари 2019 година потпишаа Меморандум за соработка, а нашата држава има одлична соработка со болниците во Бугарија, наведуваат од Министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1