Монструм: Бебињата кои го преживувале абортусот ги убивал со ножици (Фото)


Седумдесет и двегодишниот американски доктор Кермит Госнел е обвинет за извршување на нелегални абортуси и убивање на новороденчиња во својата клиника во Филаделфија. Тој е обвинет за убиство на седум бебиња кои преживеале абортус.

doktor Ги убил на тој начин што со ножици им го прободел рбетниот мозок. Обвинителството се сомнева дека убил многу повеќе фетуси во третото тромесечие од бременоста, но за такво нешто не постојат докази, бидејќи документите се уништени.
Покрај тоа што е обвинет за убиствата на бебињата, тој е обвинет и за смртта на барем еден пациентка која починала од преголема доза на анестезија.

Госнел ја предводел клиниката „Женско медицинско здружение“, каде што вршел абортуси, во седмиот или осмиот месец од бременоста. Во неговата клиника доаѓале жени со поодмината бременост и не можеле да извршат абортус на друго место.

klinika Во САД е забрането да се прават абортуси по 24 недела. Тужбата која беше поднесена против американскиот лекар, е напишана на 281 страници, а се проценува дека заработувал по најмалку 1.800.000 долари годишно. Откриено е дека тој е еден од тројцата доктори во Пенсилванија кој издал најмногу рецепти за одреден аналгетик кој може да предизвика зависност.

Алчноста на докторот не знаела за граници, поради тоа и вработените работеле за мизерни плати, а притоа не биле ниту професионалци во извршувањето на нивната работа. Иако се работи за работа која може да биде многу ризична, меѓу вработените било и момче на 15 годишна возраст, на кого му плаќал осум долари од час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1