Монструм: Педијатар ја давел посвоената ќерка – ја истражувал клиничката смрт кај децата


Американскиот педијатар Мелвин Морс, познат по своите истражувања за паранормалните феномени и искуства на клиничка смрт кај децата, е осуден бидејќи ја давел 12-годишната ќерка на својата партнерка држејќи и’ ја главата под вода.

Морс (60) е обвинет за тешко кривично дело, давење на ќерката на својата партнерка, а поротата го осудила вчера, по шест часовна дебата за давење со потопување во када.

monstrum-ja-davel-kjerkata-02

Педијатарот, кој тврди дека е невин, не покажал никаква реакција за време на читањето на пресудата, а ќе остане на слобода до официјалното изрекување на конечната пресуда на 11-ти април.

Адвокатот на Морс, Џозеф Харли изјави дека тој има намера да поднесе жалба за пресудата.

Девојчето и нејзината мајка, Полин Морс (41), изјавиле во судницата дека Мелвин Морс го користел давењето како закана или облик на казна, додека адвокатот од одбраната тврди дека терминот “потопување” го употребуваат да опишат миење коса, нешто што девојчето воопшто не сакало.

Меѓутоа, обвинителот Мелани Витерс го опиша Морс како брутален и доминантен “господар” во куќата, кој со години го малтретирал девојчето додека нејзината мајка молчела.

Полин Морс изјавила дека одлучила да го игнорира малтретирањето и дека живеела во страв на некој начин да не го “вознемири” Мелвин.

На Морс му се заканува затворска казна од 10 години, но најверојатно ќе биде скратена.

Истражувачките методи со потопување се користеле порано во САД врз осомничените терористи со цел да стимулираат давење. Многу критичари денес таа постапка ја нарекуваат тортура.

Точка.ком.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1