Монструм: Педофил на 93 години силувал 4 девојчиња


Австралијанецот Карл Џозеф Краус (93), поранешен работник во железница, обвинет е за силување на четири сестри, на возраст меѓу седум и 15 години, во 2010 година

pedofil starecКраус живеел во Тајланд повеќе од една деценија пред да ги запознае девојчињата во 2008 година, кои ги злоставувал, а полицијата пронашла повеќе од 100 порнографски фотографии од деца во неговиот компјутер. Полицијата на Тајланд тврди дека ги учел децата на англиски јазик и ги убедил да доаѓаат кај него нудејќи им чоколадо и пари. Девојчињата им раскажале на своите родители дека тој постојано ги напаѓал, а тие веднаш го пријавиле во полиција.

Неговите адвокати сега се обидуваат да го ослободат од обвинението, повикувајќи се на тоа дека тој е премногу стар, за да издржи судење и боледува од рак.

-Ќе бидам мртов уште пред да биде донесена пресудата-рече Краус и додаде дека тој не направил ништо лошо.

По пријавата, старецот рекол дека нема да има ништо од обвинението ако ги подмити полицајците со 10.000 фунти.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1