Монструм: Славен пејач признал дека е педофил – обвинет е за силување 11 месечно бебе


Пејачот на велшкиот бенд „Lostprophets“, Ијан Виткинс пред судот во Кардиф птизна дека сексуално малтретирал деца. Триесет и шестгодишниот Воткинс е обвинет за обид за силување на 11-месечно бебе и тоа со благослов на мајката, која е голем обожавач на рок бендот.

Ijan-Votkins1Воткинс, кој британските медиуми веќе го нарекуваат монструм, е обвинет и за сексуално малтретирање на уште едно бебе, чија мајка, исто така е обожавателка на бендот. Тој исто така се товари за над 20 сексуални прекршоци, за кои, ако биде осуден, го чека долгогодишна затворска казна.

Пејачот прво ја негираше вината, но на вчерашното рочиште призна, додавајќи дека не одговара за своите постапки затоа што „бил под влијание на кристал мет“.

Загрижени фанови ја информирале полицијата дека печајот отворил интернет профил, на кој објавувал слики на кои има секс со малолетници. Тие, исто така, ја информирале полицијата дека Воткинс по форумите се фалел дека „силувал петгодишно девојче“. Тоа не му било доволно, па пејачот направил и онлајн „прирачник“ во кој објаснува како на „најдобар начин да ги дрогирате децата“!

Кон крајот на минатата година полицијата упаднала во неговата куќа врз основа на дојава за скриена дрога. Тогаш се пронајдени компјутерски хард дискови на кои биле стотина филмови со детска порнографија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1