Државата Вашингтон покрена 59 обвиненија за сексуално злоставување на деца против Виктор Аеден Бернард, лидерот на педофилската секта „Дружината на реката“, која оперирала претежно во Минесота.
Обвиненијата се резултат на двегодишна истрага на злосторствата кои Бернард (52) ги извршил во периодот од 2000 до 2012 година, особено во седиштето на сектата во Финлејсон во Минесота.
Максимала казна за секоја од тие обвиненија е 30 години робија и 40.000 долари парична казна.
Според наводите, Бернард во 2012 година ја напуштил сектата и се преселил во Вашингтон во градот Спокејн, бидејќи предизвикал раздор во групата, односно имал љубовни врски со омажени жени.
Меѓутоа минатата година тој пребегал во Бразил поради што по него е распишана меѓународна потерница врз основа на која е уапсен во летувалиштето Пипи и е спроведен во затвор во градот Наталу.
Инаку од ноември минатата година, тој е на листата на 15 најбарани криминалци, со понудена награда од 25.000 долари за информација за него.
Државниот обвинител на Минесота го нарекол Бернард „мајсторски манипулатор“ кој со помош на верата успеал да ги убеди припадниците на сектата да му дозволат да се грижи за нивните ќерки кога ќе наполнат 12 години.
Злосторникот се претставувал како олицетворение на самиот Спасител Исус Христос и тврдел дека девојчињата покрај него засекогаш ќе останат девици, бидејќи тој е „божји човек“. Притоа на децата им забранувал да кажуваат дека имале сексуални односи со него, а потоа дури и им забранувал да се мажат.