Монструмот им се смеел во лице на семејството на жртвата


Даријан Мусиќ вчера бил осуден на 1 година затворска казна, во Основниот суд во Нови Сад, поради обвиненија дека во 2011 ја мачел и злоставувал манекенката Владислава Червенко.

Една година подоцна, тој брутално ја убива, за што на 17 јуни му била изречена затворска казна од 40 годнини.

darijan-music-1398718548-488207-650x396На изненадување на сите присутни, тој во судницата се појавил насмеан и смирен, што не било случај пред две недели кога му ја изрекувале првата пресуда. Тој дури и се обидел да разговара со семејството Червенко. Тие згрозени од неговото однесување си заминале на средината од судењето.

„Сите судења ми беа тешки, но ова што го дочекав- убиецот да ми се смее во лице, не можев да го замислам, објанила во шок Тања Червенко“, сестра на убиената манекенка.

Таа додала дека Мусиќ на последното судење го покажал своето вистинско лице,  за разлика од претходниот пат кога плачел и глумел.

„Тој е кукавица и немаше храброст да дојде и да ја чуе завршната пресуда за убиството, а сега се осудува мене и на моето семејство да ни се смее во лице“, рекла Тања.

Пред да му биде изречена пресудата, како што пренесува Блиц.рс, Мусиќ само неколку пати се насмевнал. Судијата на Основниот суд, Сандра Гавански рекла дека Мусиќ ја мачел манекенката и дека казната од 1 година е максимална казна за вакво дело, предвина со закон.

Мусиќ на 15 јули 2011 година, во попладневните часови, на ул „Душанка Даниловиќ“ во Нови Сад, најпрвин и се заканувал на Владислава, која го молела да престане, а потоа  ја претепал.

Сето ова го сведочела сестрата на Владислава, малолетната Ј.Џ. која додала дека таа била на тоа место за да ја најде обетката која и паднала на сестра и’ додека ја мачел Мусиќ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1