Во канализација од студенстки дом во Источна Кина пронајдено е тукушто родено бебе.
Се претпоставува дека мајката го родила бебето во недела на вц-школката во студентскиот дом по што само пуштила вода да го однесе бебето.
Бебето го пронашле студенти кои слушнале како плаче во одводната цевка широка 20 сантиметри. Повикале пожарникари кои го лоцирале бебето во цевките помеѓу трети и четврти кат. Бебето ги преживеало сите овие маки бес физички повреди.
Полицијата ја пронашла и мајката на детето, која веднаш била приведена.