Се будите среде ноќ, гледате дека е 3 часот, а не можете да заспиете. Ве фаќа паника што имате уште 4 часа за спиење, па уште помали се шансите да склопите око.
Овие 7 стратегии може да ви помогнат многу брзо да му се вратите на сонот во овие ситуации.
1. Исклучете ги сите светла
Кога ќе се разбудите за да одите до тоалет, никогаш не ги палете сите светла. Светлината го стимулира мозокот, па колку сте во посветла просторија, толку потешко ви е да заспиете.
2. Изморете ги очите со книга
Ако нешто научивме во училиште, тоа е дека книгата е одличен начин за заспивање. Додајте слабо светло, заморете ги очите и заспијте за помалку од 10 минути.
3. Користете го мозокот
Правете ментални вежби, наместо да проверувате мејл, советуваат сите лекари. Многу подобро е да си замислувате каков ден ќе имате, што ќе облечете, што сакате да појадувате, или да си фантазирате за нешто – следно патување или слично
4. Лежете на грб
Никако не се превртувајте низ креветот. Ако во било кое превртување потстанете, телото ќе мисли дека е време за будење, затоа останете мирни.
5. Не станувајте да јадете
Ако мислите дека некое вкусно залче може да ве успие, се лажете, тоа го има спротивниот ефект. Со тек на време, вашето тело ќе се навикне и секоја вечер станувањето по храна може да ви стане нездрава рутина.
6. Релаксирајте се
Опуштете го телото и мозокот. Дишете длабоко и олабавете го целото тело. Пронајдете ја својата зен состојба пред да ги затворите очите. Некои мириси може да помогнат. Кора од мандарина до перницата, лаванда попрскана на перницата или мирисот на топло чоколадо исто така смирува.
7. Не го надокнадувајте сонот
Ако сте екстремно изморени после работа, не секогаш мора да дремнете. Тоа ќе ве доведе до уште една непреспана ноќ.
Crnobelo.com