Морбидно: Поп музика на погреб – се повеќе се пушта Адел и Френк Синатра


Поп музиката ги замени црквените песни на две третини погреби во Британија, ова го покажало истражување на британското погребално претпријатие.

На повеќе од 30.000 погреби во изминатите 12 месеци главна музичка тема била некоја модерна Поп песна. А само 4 насто од ожалостените барале класична или црковна музика.

“My way,, од Френк Синатра седум години по ред е фаворит и е пуштена на 15 насто од погребите. Додека во последно време се бара и Someone like you од Адел која е на 22 место по бројот на погреби на кои била главна музичка тема, пренесува Гардијан.

Од црквените песни најбарани биле  “Abide with Me” и “Nimrod”.

Многу погреби почнале да покажуваат и малку ,,повесел,, поглед на смртта па некои ја бараат и Always Look on the Bright Side of Life која е на 13 место.

Меѓу песните кои биле барани, а црквата одбила да ги пушти се Imagine од Џон Ленон поради стихот во песната ,, замисли дека нема рај,,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1