Колку секс е премногу: Кога станувате зависници од секс?


На зависноста за сексот долго се гледало како изговор на славните личности, за проблематичното однесување, но научниците сега докажале дека станува збор за реално пореметување кое може да ви го загорчи животот и создава огромни проблеми, како губењето на врската или работата.

Се до сега експертите се бореле со дефиницијата за хиперсексуално пореметување, познато како сексуална зависност.

Според новата понудена дефиницја, во хиперсексуалното пореметување, никој не влегува во категоријата на сексуален зависник, само затоа што има сексуални односи.

Меѓутоа лицата кои претеруваат со сексуалните активности, истите ги користат со цел да се ослободат од стресот и кој го сметаат за секојдневно функционирање“, објаснува Рори Рид, асистент и водач на истражувачкиот тим на Универзитетот во Калифорнија.

Во најновата студија, експертите, не се ни обиделе да ги стават во оваа група луѓето кои често имаат сексуални односи или гледаат порнографија. Тие сметаат дека луѓето со хиперсексуално пореметување, не се во состојба да се контролираат и мораат да го задоволат својот сексуален нагон без оглед на последиците.

„Иако најчесто се свесни за последиците на своето однесување, тие во тој момент сметаат дека сексот е поважен од било што друго и го одбираат дури и во ситуации кога одлуката, да спијат со некој, може да предизвика проблеми или да направи штета, како губење на работата, проблеми во врската и финансиски потешкотии изјавил Рид.

Резултатите од ова истражување објавени во списанието за сексуална медицина, ќе бидат испратени во Американското психијатриско здружение, така што дијагнозата за хиперсексуалното пореметување, најверојатно ќе биде усовршена во американската – „Diagnostic and Statistical Manual of Mental Disorders”.

Симптоми на сексуална зависност.

1. Повторување и интезивни сексуални фантазии, сексуални потреби и сексуално однесување кое трае најмалку шест месеци.
2. Претераниот секс делува на намалување на стресот.
3. Сексот влијае на однесувањето и функционирањето во секојдневниот живот, како што се обавувањето на работата или друштвениот однос.
4. Неконтролираното однесување како би се задоволил сексуалниот нагон, дури и ситуацијата кога тоа може да создаде значајни проблеми или да предизвика штета, како губењето на работата, тешкотиите во врската или финансиските проблеми.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1