Се претпоставува дека станува збор за „SS Cotopaxi“, трговски параброд кој исчезнал во декември 1925 година и од тогаш е поврзан со легендата за Бермудскиот триаголник.
Кубанските власти бродот за прв пат го забележале на 16 мај, во близина на забранета воена зона, западно од Хавана. Неколку пати безуспешно се обиделе да воспостават контакт со екипажот, за потоа со три патролни брода да го пресретнат.
Кога пристигнале на бродот, биле изненадени кога дознале дека всушност станува збор за 90 годишен параброд идентификуван како „Cotopaxi”, име кое асоцира со легендата за Бермудскиот триаголник.
Немало никој на бродот, кој изгледал како да бил напуштен со децении, што сугерира дека навистина може да станува збор за трговскиот параброд кој исчезнал во 1925. година.
После детално пребарување на бродот го пронашле и дневникот на капетанот.
Навистина станувало збор за бродот на компанијата „Clinchfield Navigation”, но се уште не знаат што се случило со бродот во последните 90 години.
На 29 ноември 1925 година, „SS Cotopaxi“ испловил од Чарлстон, Јужна Каролина и се упатил кон Хавана, Куба. Екипажот на бродот броел 32 луѓе, под команда на капетанот В.Џ. Мејер, и пренесувал товар од 2340 тони јаглен. Два дена подоцна било пријавено дека е исчезнат и од тогаш му се губи трагата во наредните 90 години.
Потпретседателот на советот на министри, генералот Абелардо Коломе, најави дека кубанските власти ќе спроведат целосна истрага за да ја разрешат мистеријата за исчезнувањето и повторното појавување на бродот.
„Многу е важно да знаеме што всушност се случило“ – изјави генералот Коломе.
„Ваквите инциденти можат многу лошо да влијаат на нашата економија, затоа сакаме да бидеме сигурни дека ваков вид на исчезнувања нема да се случат повторно. Дојде времето да ја разрешиме мистеријата за Бермудскиот триаголник еднаш за секогаш“.
Теориите на заговор многу од исчезнувањата им ги препишуваат на паранормалните и натприродните феномени.
Една од теориите оди дотаму што вината ја гледа во остатоците од технологијата од мистериозно исчезнатиот континент Атлантида.
И покрај теориите на заговор, повеќето научници не го признаваат постоењето на Бермудскиот триаголник, и вината за исчезнувањето на бродовите ја сведуваат на човечкиот фактор и на природните феномени.
Како и да е мистериозното појавување на „SS Cotopaxi”, предизвика голем интерес кај научниците и можеби некои од експертите ќе го сменат своето мислење на оваа тема.