Во Ѓорче Петров беше пронајдено безживотно тело на 76-годишна жена. Телото со видливи траги од насилство го пронашла нејзината ќерка која веднаш пријавила во полиција. Според соседите жената три години живеела сама, а последен пат ја виделе вчера. Во текот на ноќта пак ниту слушнале ниту забележале нешто невообичаено.
,, На(27.10.2026) во 09:18 часот во СВР Скопје М.А. пријавила дека во куќа на ул.„Ѓурчин Кокале“ во Скопје ја пронашла нејзината мајка О.А.(76), без знаци на живот. Од страна на Итна медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција“, соопштија од МВР
Ова е второ убиство во Ѓорче Петров во последните 5 дена. Минатата недела МВР информираше дека 62-годишен маж со траги на насилство бил пронајден во сопствениот дом.
Според информациите, досега се уапсени вкупно тројца осомничени за убиствата на 62-годишен човек и 76-годишна жена, во кои има повеќе сличности. Можни мотиви за убиствата се пари.








