Морничаво: Сакале да ја исклучат од апарати – не можела да даде знак дека е свесна


Госпоѓа Боун пати од Гулаин-Бареов синдром, автоимуно заболување на преиферниот нервен систем кој доведува до целосна парализа.

Џени Боун, 40-годишна Англичанка од Бедфордшир, го раскажала за Daily Mail ужасниот момент кога докторите го прашале нејзиниот сопруг дали сака да и` ги исклучат апаратите за дишење, додела лежела парализирана и без можност да испрати било каков сигнал дека е свесна за тоа што се случува.koma bolnica pacient
Имено, Боун и покрај медицински индуцираната кома можела да слушне и да разбере се` што се случувало околу неа и денес му е благодарна на нејзиниот сопруг што го одложил таквото решение и покрај тоа што имала со него договор да и` ги скрати маките ако се најде во ситуација да биде трајно онеспособена.

Боун минатата година на работа доживеала срцев удар, па се верувало дека останала со трајно и тешко оштетен мозок поради недостатокот на кислород додека ја оживувале.

„Не сум одговарал дури ниту на основните дразби, па поради тоа мислеле дека нема надеж да закрепнам. За среќа, мојот сопруг побарал да ме држат во живот додека не пристигнат резултатите од магнетната резонанца, додека не добие доказ дека веќе нема мозочни активности“, раскажала таа.

Иако во болницата стигнала со писмо во кое пишувало дека најверојатно боледува од Гулаин-Бареов синдром, докторите поради некоја причина го занемариле мислењето кое можело да им помогне веднаш да воспостават точна дијагноза.

Сепак, откако утврдиле дека Боун навистина пати од автоимуна болест на периферниот нервен систем која доведува до целосна парализа, почнале третман што на крајот довел до оздравување.

„Некогаш седацијата знае малку да ’се измие’ па е можно госпоѓата да можела да слушне што се случува околу неа. Но, треба да се земе во предвид и тоа дека поради лековите халуцинирала и во состојба како сон само ја замислувала ситуацијата“, појаснил неврохирургот Мунчи Чокси.

Tocka.com.mk

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1