Морничаво сведоштво на Звонко Крстиќ, човекот што ја спаси Емилија од сигурна смрт (ВИДЕО)


Ова е жената која добила шанса да продолжи со животот а ова е човекот кого судбината четврти пат по ред го довела до ситуација да спасува човечки живот, и со се овој сите четири пати успешно.

Четири дена по страотниот чин на влечење од разулавената вода  од обиколницата околу илјада метри кон селото Стајковци, Емилија Цветковска се закачила на овој простор крај семејната куќа на Звонко Крстиќ кој во страотното невреме поради поплавениот прв спрат тој и семејството се наоѓале на вториот кат.poplavi zvonko emilija

Херојот на Стајковци како што го нарекуваат со солзи во очите раскажува дека од тој ден  нема мир од Емилија која по неколку пати во денот го контактирала на телефон за да го праша што им треба за да им донесе. Таа денеска тргна на пат кон местото на спасот да ги посети луѓето што и пружија помош во моментите кога водените јазици ја префрлиле до нивниот дом.

Звонко Крстиќ не бил сам таа ноќ во моментите кога забележал жива жена која очајно бара спас. На помош му пристапил комшијата Дејан Алексовски, кој со морници по телото се присеќава на страшната глетка која ја изедначува со цунами и се чуди како е можно жената да спаси жива глава откако била носена од водата речиси илјада метри.

И денеска сликата во Стајковци е очајна , но многубројните екипи на терен и претставници на армијата , на македонската православна црква, волонетри на институциите покрај механизацијата, им помагаа на мештаните во санирањето на последиците. Водата се подисцрпува но проблем се наносите со тиња и кал.

Звонко Крстиќ и неговото семејство кое и пружило елементарна помош на Емилија и ја спасиле од сигурна смрт ги оставивме да му се препуштат на моментот на средбата со Цветковска која вели животот им го должи на овие луѓе, на тоа што била добар пливач, на помислата на трите дечиња и на вербата во Бога.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1