На гласачките места 745, 746, 747, 774, 739 и 736 во општина Кичево и на гласачкото место 409 во општина Гостивар видливото мастило се брише со влажни марамчиња и ацетон, регистрираа набљудувачите на граѓанската организација МОСТ.
Според нив, процедурата на обележување на палецот со видливото мастило не е спроведувана согласно законот, односно во неколку случаи мастилото е нанесувано само на ноктот на гласачот.
На форумот Воденица беше објавено Јутјуб видео од гласач кој мастилото го брише со жолта ракија.