МОСТ: Во Центар 12 случаи на групно гласање


Одѕивот на гласачите, според ПВТ програмата на МОСТ, до 16 часот е 26 отсто, соопшти МОСТ.

На ГМ 2893/1 во општина Чаир 11 лица не се пронашле на Избирачкиот список.

На ГМ 2828 во општина Центар регистрирани се 12 случаи на групно гласање.

Доколку граѓаните не можат да се пронајдат во Избирачкиот список на избирачкото место во кое обично гласаат, ги советуваме да ги проверат описите на останатите избирачки места во објектот или да проверат на веб-страницата http://izbirackispisok.gov.mk, со цел да го лоцираат точното избирачко место каде може да гласаат.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1