Мостовите покрај кејот се јавен тоалет – нема доволно WC па си се олеснуваат под мостот


Кејот на Вардар е преполн со спортисти, рекреативци, родители – граѓаните со години реагираат дека во овој дел од градот нема доволно јавни тоалети, за тоа најчесто се користат местата под мостовите низ кои сите минуваат. Поради топлите временски услови лошата миризба што оттаму се шири е речиси неподнослива.

MOST[20]И градските власти се борат со овој проблем. Велат дека комуналните инспектори и редарите редовно ја следат состојбата со јавната чистота, постојано се чисти просторот под мостовите што се под нивна надлежност, но нагласуваат дека е залудно, затоа што уринирањето под мостовите е доста честа појава.

Се казнуваат сите што полициски службеник ќе ги фати на самото место како го прекршуваат Законот за јавна чистота.

– Доколку полициски службеник на самото место го фати сторителот на делото, тој се казнува со глоба од 50 евра во денарска противвредност – вели Лиза Бендеска од СВР-Скопје.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1