Трагедијата во Ница можела да биде уште поголема доколку не бил Александре Миг.
Тој возел мотор кога терористот Мохамед Булел со камион почнал да гази луѓе на шеталиштето во Ница. Французинот Миг за Нис Матен раскажал дека се обидел да го сопре возачот на камионот
Миг го забрзал моторот и се приближил до камионот.
-Видов како камионот гази една жена. Беше на тротоарот, а потоа се врати на патот и се обиде да ме прегази и мене, рекол Миг.
Тој потоа скокнал на камионот и се обидел да ја отвори вратата на возачот.
-Тоа беше инстинктивно. Не можам ни да објаснам како успеав да го бркам камионот. Кога видов дека е одлучен, се обидов нешто да направам, рекол тој.
И покрај неговата храброст, меѓутоа, Миг, кој се држел на вратата, морал да се откаже кога терористот вперил пиштол во него.
-Тој дојде до еден скутер и го фрли под своите гуми. Ја пуштив вратата и слушнав истрели, рекол Французинот.
Рекол дека му е жал што не можел подолго да се држи за камионот и да го забави уште малку, и дека се надева дека возачот на скутерот преживеал.
-Доколку лицето на скутерот е живо, би сакал повторно да го сретнам, рекол Миг.
Тој трагичен ден го трауматизирал Миг и од тогаш не можел да спие.
-Не можев да заспијам 36 часа, а потоа имав кошмари, рекол тој.
Во нападот настрадале 84 лица, а одговорноста ја преземала Исламската држава.