Можат ли ГАЗДИТЕ да ги користат личните податоци на поранешните вработени?


Почитувани,
Веќе три месеци не работам за работодавецот, а од претходното работно место сѐ уште ја користат мојата електронска адреса за комуникација, која содржи мое име и презиме. Неодамна бев изненадена кога мој пријател ми напомена дека не сум одговорила професионално и во рок, а јас веќе одамна не работам во таа компанија. Ве молам, дали е злоупотреба на личен податок и дали може да пријавам кај вас?work

Одговор:


Личните податоци на работниците, за чие собирање не постои повеќе законска основа, мора да бидат избришани и да престанат да се употребуваат.

Заштитата на личните податоци на работниците е регулирана со Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр. 62/05) (чл. 43 и 44). Работодавецот може да ги собира, обработува, употребува и доставува личните податоци на трети лица само кога за тоа постои законска основа, односно заради остварување на правата и обврските од работен однос. Електронската адреса на работникот, доколку специфично содржи име и презиме во својот состав, треба да престане да се користи, односно работодавецот е должен да ја избрише, или на друг начин да овозможи прекин на проток на информации и податоци од таа електронска адреса. Работодавецот е должен да одреди разумен рок до кога е потребно да биде во употреба за остварување претходно утврдени цели. По правило работодавецот ги обработува или ги открива личните податоци само за целта за која ги собира и ќе ги чува онолку време колку е потребно за остварување на таа цел. Исклучок е кога работникот ќе се согласи неговите лични податоци да се користат за друга цел или доколку постои правна основа за тоа.

Во согласност со Законот за евиденција во областа на трудот („Службен весник на РМ“ бр.16/04) (чл. 7 и 8), евиденцијата за вработените работници ги содржи овие лични податоци: име, татково име и презиме на работникот; единствен матичен број на граѓанинот; ден, месец и година на раѓање; место на раѓање; пол; живеалиште и адреса; припадност на заедницата; место на работа; степен и вид на завршено образование; степен на стручна подготовка; работно време на работникот; стаж на осигурување до стапување на работа кај работодавецот; траење на работниот однос; дали е трудов инвалид; датум на засновање на работниот однос; датум на престанок на работниот однос.
За секоја промена на личните податоци, работникот е должен да го извести работодавецот во рок од 15 дена од настанатата промена.

ДЗЛП  одговара на прашањата поставени на сајтот

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1