Скандал Бизнис со мртовци во болницата во Струмица: Им давал мобилни, за да му јавуваат кога некој ќе почине


Бизнис со мртовци во струмичката болница. МВР сомничи вработени дека му се јавувале на погребалниот оператор Игор и Б интернационал, секогаш кога има починат на некое од одделенијата во болницата, за што сопствениците на операторот ги наградувале болничарите со пари, мобилни и други подароци, јавува Телма.

Со тоа, вработените во болницата го прекршиле законот за погребални услуги, според кој обврската да повика и одбере погребален оператор ја има семејството на починатиот.BOLNICA STRUMICA

Од управата на општа болница Струмица велат дека, болницата имала договор со трите погребни оператори на територијата на општина Струмица, да имаат распоред според кој ќе ротираат на секое од болничките одделенија, доколку семејството не е во можност да се јави само или ако не изрази желба за одреден оператор.

Вчера полицијата поднесе кривични пријави и против управителот и вработен во погребалниот оператор Игор и Б.

Тие добија кривични за неовластено давање на подароци. Во периодот од 2015 и почетокот на 2016 година, ги наградувале вработените во болницата за да имаат приоритет во превземањето на мртовците како и продажбата на погребна опрема.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1