МОЖНИ СЕ „НЕПОВРАТНИ ПОСЛЕДИЦИ“ ЗА СВЕТОТ: Климатските промени се реални – времето не е на наша страна!


Климатските промени се реални и за нив во целост се одговорни луѓето. Ќе биде потребно до крајот на векот емисијата на гасови со ефект на стаклена градина да се симнат на нула, со цел да се ограничи нивното штетно влијание, се наведува во извештајот на ОН.

Меѓувладиниот панел за ОН за климатски промени го претстави извештајот за климата, што содржи остри предупредувања, но и надеж.

Четвртиот и последен дел од извештајот за влијанието на глобалното загревање не носи изненадувања и претставува комбинација на претходните три дела објавени во текот на изминатите 13 месеци.Earth globe splashing in oil (Digital Composite)

Емисијата на штетни гасови, што во најголем дел се резултат на согорување фосилни горива, можеби ќе мора да биде намалена на нула до крајот на векот, доколку светот сака да го запре растот на температурата на воздухот над нивото, што се смета за опасно.

Ако тоа не биде постигнато светот би можел да се доведе во опасност да доживее „неповратни последици“ за луѓето и животните со интензивирање на топлинските бранови.

– Науката го кажа своето. Во нивната порака нема двосмислености. Лидерите мора да преземат нешто, бидејќи времето не е на наша страна, изјави Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун на претставувањето на извештајот во Копенхаген.

Освен песимистичките предвидувања, извештајот нуди и надеж. Инструменти што ќе овозможат намалување на емисијата на јаглерод диоксид веќе постојат и потребно е светот да ја прекине зависноста од нафта, јаглен и гас, што го движат глобалниот енергетски систем, но истовремено ја загадуваат нашата планета.

– Располагаме со средства за ограничување на климатските промени, изјави претседателот на Меѓународниот панел Реџендра Пачаури.

Постојат многу решенија за продолжување на економскиот и човеков развој. Тоа што нам сега ни е потребно е желба за промена, што ќе биде мотивирана со знаење и разбирање на климатските промени, истакна тој.

Меѓународниот панел е формиран во 1988 година со цел за проценка на глобалното загревање и неговите последици. 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1