Мозокот се штити од преоптоварување со информации – затоа забораваме имиња или броеви


Британските научници откриле дека на некои работи можеме да се сетиме неколку часа подоцна, а одреден период можат и да избегаат од нашето помнење.

brain1– Иако не е сосема јасно зашто се случуваат таквите пропусти, се верува дека причина е тоа што на тој начин мозокот се штити од преоптоварување со информации – јавува „Дејли мејл“.

Со ова се објаснува зошто ги забораваме имињата на лицата по само неколку минути откако ќе ги запознаеме.

– Научниците долго се прашувале зошто мозокот ги покажува овие мемориски пропусти. Помнењето е енергетски процес. Мозокот мора да одлучи дали е нешто вредно да се вложи енергија, а бидејќи има ограничени способности на учење, ова е еден од начините да избегне преоптоварување – се вели во текстот.

Истражувачите направиле експерименти врз полжави на кои им понудиле непозната супстанција за да видат дали ќе ја препознаат како храна. Тие реагирале така што имале мемориски пропусти од половина час до два часа пред меморијата целосно да ја консолидираат, во рок од четири часа. Меѓутоа, при вклучувањето други поттикнувања за консолидација на меморијата им било потребно многу повеќе време.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1